Серија земјотреси во Непал и лизгање на земјиштето: Едно лице загина, најмалку 16 се повредени
Областа Баџанг на северот на Непал беше погодена од два земјотреси со јачина од 6,3 и 5,3 степени, а спасувачите се обидоа да употребат импровизирани средства и голи раце за да го извлечат телото на жената која загина во лизгање на земјиштето предизвикано од земјотресот во урнатини од зграда, соопшти локалната полиција.
Во двата земјотреси што се случија вчера во рок од 30 минути во областа Баџанг што се граничи со Индија, предизвикани се лизгање на земјиштето што пресече автопат и урна неколку куќи, при што беа повредени најмалку 16 лица, пренесува Ројтерс.
Планинската земја Непал, која редовно ја тресат земјотреси, сè уште се опоравува и се обновува од последиците од двата големи земјотреси што се случија во 2015 година.
Тие земјотреси убиле речиси 9.000 луѓе, уништиле цели населби во многу градови и уништиле древни непалски храмови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа