Серија апсења во Скопје - приведени пет лица


Во текот на вчерашниот ден приведени се пет лица на територијата на град Скопје.

Вчера во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода  И.Т. од Република Словенија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 20.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и грутчеста материја. 

Вчера во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(34) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ќ.(32) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Завчера во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Ј.(33)  од село Арачиново, скопско и М.С. (26) од село Гошинце, липковско, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

23.09.2024 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега