Седум повредени на палестински напад во Тел Авив
Седум повредени, од кои три сериозно после нападот со автомобил на палестински државјанин. Тој потоа се симнал од кола, и сакал да ги нападне со нож луѓето околу него, изјави портпаролот на израелската полиција, нарекувајќи го инцидентот терористички чин.
Возачот бил „неутрализиран“ од припадници на итната државна служба на местото на настанот, изјави портпаролот на израелската воена радио програма.
Израел е во состојба на спремност поради палестинските напади, еден ден откако започна голема воена операција во градот Џенин на Западниот Брег. Најмалку десет Палестинци беа убиени во израелски копнен и воздушен напад врз Џенин во понеделникот.
За прв пат по речиси дваесет години, Израел започна голема воена офанзива на Западниот Брег.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа