Седмоодделенец од БиХ се заканувал на своите соученици дека ќе ги убие: „Куршум ќе ти заврши во глава“
Ученик од седмо одделение во основното училиште „Солина“ во Тузла, Босна и Херцеговина им се заканувал на девојчињата од друго одделение со пораки дека ќе ги убие нив, но и нивните соученици.
Откако дознале, загрижените родители го пријавиле случајот во управата на училиштето.
По овој настан кој се случил кон крајот на минатата недела, голем број родители не ги испраќаат децата на училиште, пренесува Вијести.ба.
-Тој ученик се заканувал и велат дека направил список на деца по немилиот настан од Белград, се заканил дека ќе му го земе пиштолот на брат му и ќе ги убие сите. Тоа дете е без родители, живее во згрижувачко семејство. Ние, родителите на учениците кои одат во училиштето Солина сме загрижени и бараме адекватна реакција од МУП, училиштето и Министерството. Многумина од нас нема да ги праќаат децата на училиште додека не добијат соодветни информации бидејќи сакаме нашите деца да бидат безбедни, изјавил за медиумите Харис О., таткото на учениците од ова училиште.
Пораките кои излегоа во јавноста се напишани на апликацијата Snapchat и се доста вознемирувачки.
- „Списокот е поправен“, „Ти си прв на списокот и куршумот ти оди во глава, хахаха“, „Брат ми има пиштол, тој е на 45 километри од мене“, „Дојди утре пред школо да видам како е пукано“ - се само дел од пораките.
Од Министерството за внатрешни работи во Тузла потврдиле дека случајот е пријавен во полиција.
- На 28.10.2023 година до ПУ Тузла/ОУ Исток се обратила директорката на ОУ Солина Тузла, која пријавила дека ученик од училиштето во преписка на Вибер испратил заканувачки пораки до друг ученик. Според наведената пријава, за ова биле известени полициски службеници од Централната полициска станица од Полициската станица Исток, а известен е и дежурниот кантонален обвинител, кој наредил, по извршените проверки, пријава за мерките и преземените дејствија да се достават до Кантоналното обвинителство на кантонот Тузла, соопшти црногорското МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа