Се зголемуваат субвенциите во сточарството

 


Се зголемуваат субвенциите во сточарството и тоа во делот за крави, овци или кози,а се зголемува и во делот на млеко продукцијата, изјави министерот за земјоделство, шумарство и  водостопанство, Цветан Трипуновски.

На средба со земјоделците од битолскиот регион, најголем дел сточари, министерот Трипуновски  разговараше за програмата за финансиска поддршка за 2025 година со фокус на приоритетите и  зголемени субвенции.  

-Се појавија некои шпекулации дека се прави некакво кратење и тоа апсолутно не е точно,  напротив има зголемување на субвенциите во сточарствотои се со цел да го зголемиме сточниот фонд и млеко продукцијата како еден од поважните земјоделски производи. На присутните  земјоделци, најголем дел сточари, им соопштив дека оваа година субвенцијата се зголемува и тоа во делот за крави, овци или кози, а се зголемува и во делот на продукцијата, истакна Трипуновски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во изјава за медиумите посочи дека на  средбата во Битола се разговарало и за земјишната политика која исто така е во функција на производството на храна.  

-Разговаравме и за земјишната политика и информирав дека ЗК„Пелагонија“ има поднесено  барање за ослободување на над 1.600 хектари земјоделско земјиште кое во наредниот период ќе  биде ставено на располагање на земјоделците од овој регион. Тоа, нагласи министерот  Трипуновски, ќе придонесе за еден сигурен дел за производството на храна.

Битолските земјоделци ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски кој порача да го  интезивираат производството на здрава храна, а на лозарите им го честиташе претстојниот  празник Св. Трифун.

13.02.2025 - 15:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега