Се запали автобус на ЈСП во Чаир


Нов инцидент со автобус на ЈСП низ улиците на Скопје. Вечерва се запалил автобусот со број 9 на улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаир, пренесе ТВ21.

Станува збор за двокатните автобуси „Јутонг“.

Според информациите кои ги пренесе ТВ21, сите патници безбедно го напуштиле автобусот, веднаш откако бил забележан дим.

03.09.2024 - 22:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега