Се уште постои навивачки кодекс: Комити им однесоа храна на Чкембари во полиција и им организираа превоз до Битола

 

Навивачите на Вардар, Комити, уште еднаш покажаа дека во Скопје се почитува навивачкиот кодекс. Иако вчера на трибините атмосферата беше прилично жешка и летаа голем број на тврди предмети и пиротехника од едната на другата страна сепак, по крајот на натпреварот токму Комити беа тие кои им се најдоа на ривалите. Откако 18 навивачи од Битола беа приведени , навивачката група Комити брзо се организираше и во полициската станица каде што беа нивните ривали донесе храна за приведените Чкембари.
Бидејќи на уапсените битолчани превозот беше им беше заминат, повторно Комити се организираа и своите ривали ги превезоа назад во Битола.
Ова не е прв пат навивачките групи кои имаат најголема ривалска традиција на овој начин да си помагаат меѓу себе. Комити и во други ситуации кога Чкембари биле приведени во Скопје им носеле храна во полиција и им организирале превоз до Битола, а во комитските кругови се памти и гестот на битолските навивачи во една ситуација кога навивач на Вардар беше повреден со пиротехника и нивната организација за негова помош.
Дека Комити и Чкембари се почитувачи на навивачкиот кодекс покажаа и серијата транспаренти и скандирања во чест на починати навивачи на едната и на другата страна и заедничкото навивање за Македонија.
Инцидентите кои се случија вчера се редовен декор на вакви дерби натпревари а нивниот интензитет најчесто зависи од тоа колку квалитетно полицијата ќе си ја сработи работата, нешто во што барем според првиот впечаток потфрли на последниот меч во Скопје

27.03.2023 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега