Се предаде старецот што застрела тинејџер во Мисури: По грешка му тропнал на врата и добил два куршуми
Ендрју Лестер (84) и се предал на полицијата откако пукал во тинејџер кој по грешка заѕвонил на вратата од неговиот дом во Мисури. Тој е обвинет за напад од прв степен и вооружен напад.
Минатиот четврток, Лестер, го застрела афроамериканецот Ралф Џарл (16). Со едниот куршум го погодил во главата, а со другиот во раката, пишува Би-би-си.
За среќа, момчето успеало да преживее и моментално е во болница.
Обвинителството смета дека во овој напад има расизам.
18.04.2023 - 23:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа