Се отвораат училиштата во Лос Анџелес, четири се уништени

 


Скоро сите јавни училишта во Лос Анџелес ќе ги отворат вратите, иако пожарникарите продолжуваат да се борат со неколку пожари кои однесоа најмалку 24 животи и уништија повеќе од 12.000 објекти во градот.

Образовните власти во Лос Анџелес објавија дека само седум од 1.302 училишта ќе останат затворени.

Четири од нив се уништени во пожар во близина на населбата Пацифик Палисадес во северозападниот дел на Лос Анџелес, а уште три се во зоната на евакуација, пренесува агенцијата „ДПА“.

„Условите се подобрени за повеќето области низ регионот на Лос Анџелес и уверени сме дека ситуацијата е безбедна за учениците и вработените да се вратат во кампусите“, се вели во соопштението.

Државниот универзитет во Лос Анџелес, од друга страна, се префрли на онлајн часови.

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за обновени ветрови во наредните денови, кои дополнително ќе ја влошат една од најлошите природни катастрофи во американската историја.

13.01.2025 - 12:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега