Се огласија од МВР: Ги евакуираме училиштата во Скопје - во тек се антитерористички проверки
Штотуку се огласија од Министерството за внатрешни работи до преку соопштение до медиумите. Во него е потенцирано дека по добиените пријави за поставени бомби, се евакуираат училиштата, а во тек биле антитетористички проверки во истите. Закани за бомби пристигнале не во осум, туку во девет училишта.
„Денеска (27.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа