Се огласи фотографот на спорната фотографија на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

 

Папарацото што ја фотографира Кејт Мидлтон како се вози со принцот Вилијам во автомобил во понеделникот зборуваше за да ги отфрли теориите на заговор на интернет дека фотографијата е лажирана.

Не ги менуваме нашите фотографии на ‘Фотошоп’, освен за да ја приспособиме осветленоста доколку е потребно“, изјави фотографот Џим Бенет.

Бенет рече дека тој и неговиот партнер биле ангажирани од медиумите за да го снимат принцот Вилијам како оди во Вестминстерската опатија на кралски настан.

„Автомобилите тргнаа од замокот Виндзор, а јас одблиску ги фотографирав во улицата Дачет хај, пред бр. 39. Фотографиите од автомобилот се непредвидливи најчесто и со малку рефлексија на стаклото може да биде тешко. Како што се случи, дури кога го проверив задниот дел од камерата за да се уверам дека сум го фотографирал принцот Вилијам, сфатив дека некој седи до него. Испадна дека е Кетрин“, рече тој.

14.03.2024 - 23:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега