Се обиделе да му го украдат часовникот: Претседателот на Бреша се степа со двајца разбојници
Претседателот на фудбалскиот клуб Бреша Масимо Челино се степал со двајца разбоници кои сакале да му го украдат часовникот од рака.
Тој во моментот се живее во Педенге, во близина на Бреша. Нападнат бил пред супермакет од двајца разбоници.
63-годишниот Челино успеал да се одбрани од разбојниците и да го задржи часовникот откако се степал со нив.
Кога сакал да влезе во автомобилот еден од разбојниците го удрил со вратата и му го скршил носот.
Се очекува во текот на денот да испрати писмено соопштение за непријатната ситуација.
13.07.2020 - 19:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа