Се јави боксерот кој сакаше да го претепа Меси: Сакам да му се извинам на Лео

Мексиканскиот боксер, Канело Алварес изминативе денови беше во фокусот на јавноста и тоа откако преку социјалните мрежи му се закани на Лионел Меси дека ќе го претепа.

Причината за тоа е однесувањето на Меси кој според Алварес го шутирал дресот на Мексико и го бришел подот со истиот по триумфот од 2-0. Имаше доста реакции за ова, се јавија доста играчи кои имаа што да му кажат на Алварес кој на крајот мораше да признае дека згрешил или бил изманипулиран со една фотографија, фотошоп која донесе голема лутина кај него.

-Последниве неколку дена ме понесе страста и љубовта што ги чувствувам за мојата земја и дадов коментари кои не беа на место и за кои сакам да им се извинам на Меси и на луѓето во Аргентина. Секој ден учиме нешто ново и овој пат јас дојдов на ред, -порача Канело.

30.11.2022 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега