Се гради најдолгиот подводен тунел во светот, од Данска до Германија ќе се стига за 7 минути

 

Се гради најдолгиот подводен тунел во светот, кој ќе ја поврзе Данска со Германија под Балтичкото Море.

За неколку години, тунелот Фемарнбелт ќе го скрати 45-минутното патување со траект на само седум минути со воз.

Цената на проектот е околу осум милијарди долари, а покрај железничкото поврзување, тунелот ќе има и автопат со четири ленти.

Вкупната должина на тунелот ќе биде 18 километри, а се работи за таканаречен „потопен“ тип на тунел.

Ќе биде поставен на дното на Балтичкото Море во ров широк 40 до 50 метри и длабочина од 12 до 15 метри.

Планираната железничка врска со вагони ќе го скрати патувањето од Хамбург до Копенхаген од пет на помалку од три часа, а она што трае 45 минути со траект ќе биде завршено за десет со автомобил и седум со воз.

Сообраќајот во подводниот тунел ќе се одвива преку посебни тунелски цевки, по една за секој правец.

Ќе има и лента за итни случаи, а тунелот постојано ќе го надгледуваат камери од контролен центар во Копенхаген.

25.06.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега