Се бара Ени, последен пат видена вчера на бензинска во Илинден

 


На социјалните мрежи кружи апел за исчезнато девојче.

„Се бара Ени, другарка ми“, напиша нејзината другарка Јоана Манојловска на Фејсбук.

„Девојката е висока 160см, тежи 55 килограми. Има црвено/кафеава коса и и кафени очи. Носи протези на горната вилица.

Девојката последен пат е видена вчера наутро на бензиска во скопската населба Илинден.

На себе носи црни фармерки, црна јакна и ранец“, стои во описот од другарката на Ени.

Доколку некој ја забележи девојката да пријави во најблиската полициска станица.

31.03.2024 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега