СДСМ за прв пат нема објавено ниту една предизборна анкета

 

7.000 потписи разлика за СДСМ не е многу. Од партијата сметаат дека тоа што Пендаровски собрал само 7.000 потписи помалку од Силјановска е доказ дека анкетите кои беа објавувани од различни извори во текот на изминатиот период биле лажни.
Од СДСМ велат дека анкетите покажувале 2:1 и 3:1 разлика за ВМРО-ДПМНЕ но собраните потписи не го покажувале тоа.
„Само 3-4.000 потписи имаше Силјановска повеќе, ама тоа е затоа што ние бевме фокусирани на повеќе настани, а ако се фокусиравме само на тоа ќе имавме и повеќе. Она што го видовме на дело е дека СДСМ е во добра партиска кондиција, обединета во делувањето, фокусирана на најбитните прашања и успева да покаже и пред граѓаните и пред сите дека е единствената прогресивна опција која треба да се поддржи“, рече Маричиќ.

Во ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа од Маричиќ да објасни во која европска држава Министер го користи службениот автомобил за приватни потреби.

Последните анкети покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ обвинува дека анкетите се нарачани од опозицијата но ова се првите избори во земјава кога СДСМ нема објавено дел од своите анкети, ниту пак анкетите кои што ги изработуваат истражувачките центри кои важат за блиски до Бихаќка.

04.03.2024 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега