СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ без срам и перде се обиде да политизира врвен спортски настан

„ВМРО-ДПМНЕ никако да се откаже од деструкциите и од неодговорното однесување“. Ова го потенцираат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.
Од владејачката партија велат дека од ВМРО-ДПМНЕ денеска се обиделе да политизираат врвен спортски настан, алудирајќи на Охридскиот маратон.
 
„Колку оваа партија предводена од Христијан Мицкоски е заглавена во сопствената деструктивност, говори тоа што денеска ВМРО-ДПМНЕ без срам и перде се обиде да политизира врвен спортски настан како што е Охридскиот маратон и истиот да го злоупотреби во дневнопартиски цели.
 
Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт ја преземаа организацијата на Охридскиот пливачки маратон и тој оваа година ќе се одржи како што се одржува секоја година шест децении наназад.
Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски изгубија секаков компас во нивното политичко дејствување откако им пропаднаа сите обиди за дестабилизација, сите крвави сценаријa“, стои во реакцијата на владејачката партија.
18.08.2022 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега