СДСМ: Уште еден успех на СДСМ и Ковачевски: странски инвестиции од 753 милиони евра

 
„Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски и антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат. Успешно се справивме со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Антикризните мерки го заштитија стандардот на граѓаните и им помогнаа кога беше најтешко. Никој не беше оставен сам во време на криза.“- велат во своето соопштение од СДСМ.
 
-Ги покачуваме платите и пензиите за историски највисоко ниво од независноста до денеска,  а истовремено намалена и замрзната е цената на основните прехранбени продукти. Дополнително, 2022, годината на најголема економска криза во Европа, ја завршивме со најголеми досега, рекордни 735,8 милиони евра странски директни инвестиции.Тоа, е само уште еден показател за успешноста на економските политики на СДСМ, но и доказ колку е важно членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ кои гарантираат економска и општествена стабилност на државата.Странските директни инвестиции освен што креираат нови работни места, придонесуваат за зголемување на производството, на извозот и раст на платите.-додаваат од партијата.
 
„СДСМ како одговорна партија ќе продолжи со реализација на мерките и политиките што ја зајакнуваат домашната економија, продолжуваме со вистинска грижа за нашите сограѓани и за македонската економија.“-стои во соопштението.
26.03.2023 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега