СДСМ: Скопјани се гушат - Мицкоски и ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето
„Светската банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат како последица на загадениот воздух а најпогодени се граѓаните на Скопје и Тетово“, соопшти СДСМ.
„Додека Скопје овие денови повторно е меѓу најзагадените градови во Европа и скопјани се гушат власта на Мицкоски и ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето.
Дополнително, ДПМНЕ во Собранието не прифати ниту еден амандман на СДСМ и ги одби амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето.
Власта ги одби и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на нови автобуси, за зелена транзиција, ги одби и амандманите за пречиститителни станици.
Буквлано секој предлог на опозиција за еколошки пректи и почист воздух кои се важни за граѓаните ДПМНЕ ги одби.
Ова покажува дека Мицкоски ДПМНЕ немаат намера ништо да преземат во борбата против загадениот воздух и граѓаните ќе ги остават сами“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа