СДСМ: Што договарал Мицкоски на средбите со Палевски?

„Цела недела нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски. Што разговарал и договарал Мицкоски на средбите со Палевски, што крие“, прашува СДСМ.

„Познато е дека Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица, а неговите радикалните ставови беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.

Обидите за манипулација, поткопување на истрагата, изопачената потреба за злоупотреба на случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните, отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

11.12.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега