СДСМ: Рамадани е на Косово, најголем доказ дека е пуштен од МВР и Тошковски
Додека Тошковски и МВР се обидуваат несмасно да спинуваат дека судот е крив за бегството на Блерим Рамадани, тој веќе е на Косово. Има ли поголем доказ дека тој е намерно пуштен од МВР и Тошковски, што само за еден ден по бегството човекот е удобно дома па уште стигаат јасни пораки од Косово дека е таму? Кого се обидуваат да залажат институциите дека ова не е целосно сценарио за ослободување реализиран од МВР? Кој ќе сноси одговорност за бегството на човек баран со меѓународна потерница? , прашуваат од СДСМ.
„СДСМ прашува до кога Тошковски ќе биде министер? Човекот шест месеци ја води институцијата МВР а безбедноста се влоши во секој сегмент. Имаме шест убиства или обиди за убиства од кои само едно е расчистено, имаме секојдневни грабежи сред бел ден без разрешница, се случува тотален хаос со пожарите додека тој е координатор на Кризниот Штаб, но никој не знае што координира.
Ваква неспособност не е забележана од ниеден министер досега и затоа мора итно да си оди од функцијата“М стои во соопштението на СДСМ.
16.08.2024 - 09:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа