СДСМ: Патот Ранковце - Крива Паланка е 90% готов, ќе беше 100% да не блокираше ВМРО-ДПМНЕ во Собрание

 
Смешна е промоцијата на Александар Николоски на патот Крива Паланка - Ранковце за кој најавува дека ќе бил готов до Нова година. Овој пат е одамна 90% готов и единствена причина зошто не е завршен е блокадата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. 
 
„Николоски и другарите решија за свои политички потреби до пред неколку месеци да го блокираат грантот во Собрание со кој требаше да се заврши делницата. Целта е јасна, да не се заврши делница, а граѓаните да треба да чекаат за ВМРО-ДПМНЕ да може да тера кампања. 
 
ВМРО-ДПМНЕ секој ден оди и промовира проекти на СДСМ прикажувајќи ги како свои а граѓаните се потсмеваат на социјалните мрежи. И препорачуваме да се фатат за работа наместо да фрлаат лопати на чешми и да промовираат проекти на СДСМ“, стои во соопштението на СДСМ.
23.07.2024 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега