СДСМ: Ова не е нормално - Владата ќе купи авион а Онкологија нема лекови

 

СДСМ денеска излегоа со соопштение до јавноста во кое велат дека додека Владата ќе купива авион од стотина милиони евра, решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што се случува едноставно не нормално.

Во продолжение соопштението во целост:

Цела недела нема лекови на Онкологија кои се животно потребни. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од онколошка терапија, недостаток на здравствен кадар и неприфатливи услови за лекување.

Овој хаос во здравството е јасен показател за неспособноста на премиерот Мицкоски и министерот Таравари да се справат со потребите на граѓаните и да го подобрат здравствениот систем.

Ветените реформи и подобрувања останаа празни зборови и куп лаги.

Додека парите на граѓаните власта на Мицкоски ги троши на луксуз, мебел, авиони и скапи патувања.

Власта веднаш треба да се откаже од аздисаното трошење на парите за луксузирање на владините функционери и да ги насочи кон реални потреби на луѓето.

Го повикуваме Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување итно да преземат мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти.

Бараме итно зголемување на здравствениот кадар и подобрување на условите на Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Животите на граѓаните не смеат да бидат предмет на неодговорност и игнорантност.

24.01.2025 - 09:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега