СДСМ: Листата на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата

 

 


Листата на пратеници на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата, за откажување и враќање назад во изолација, стои во соопштението на СДСМ.
 
„Над 80% се истите што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ.
 
Лупаа и тропаа да го попречат европскиот пат на државата во ЕУ
 
Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите.
 
Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ.
 
Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
 
ДПМНЕ потврдио дека не е за промени и дека не може нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро
 
Изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
31.03.2024 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега