СДСМ ќе организира собир на наставници за повисоки плати - СОНК се огради
СДСМ утре ќе организира собир на наставници пред објектот на Министерството за образование и наука со барање за повисоки плати. Но СОНК се огради од учество на протестот.
-Под слоганот ’Немате оправдувања, покачете ги платите!‘ ќе побараме да се покачат платите во образованието за 12% и да им се исполнат барањата на наставниците. Овој собир, пред почеток на училишната година е еден аларм, едно предупредување. Тоа е собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на Владата на ДПМНЕ и Весна Јаневска, изјави пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.
Таа порача дека за време на владеењето на СДСМ, во 2022 и 2023 платите во образованието биле покачени на два пати за 15 проценти, а претходните три години имало уште три други покачувања од 10 и 5 отсто.
СОНК, во кој членуваат над 20 000 просветни раотници се огласи дека неговите членови нема да учествуваат на овој протест и нема да го мешаат синдикатот во политика.
„Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект. Политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за просветните работници, а тие знаат тоа најдобро да го оценат“, вели Неделков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа