СДСМ: Изолација со Силјановска и ДПМНЕ или европска иднина со СДСМ и Пендаровски, тоа е изборот

 

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.
 
„Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.
 
Само со Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди.
 
Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

 

Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, велат од СДСМ.
12.03.2024 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега