СДСМ: Изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ
Изборот пред граѓаните на претстојните избори е јасен, членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.
„Ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ, избори помеѓу прогресивна иднина или заглавување во минатото.
Евроинтеграциите се единствениот процес кој може да донесе позитивни промени и подобар животен стандард, подобро образование, здравство, функционално владеење на правото.
Граѓаните знаат дека СДСМ има конкретен план, волја и знаење да ја однесе во Македонија во ЕУ.
Затоа ќе го дадат својот глас за кандидатот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски, претседателот на сите граѓани, за европска просперитетна Македонија“, велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа