СДСМ: Државата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на терен

 
Државата гори. Владата на Мицкоски потфрла и покажува голема неспособност да се справи со пожарите кои беснеат, велат од СДСМ.
 
„Гори на повеќе локации во земјава, огромна површина е веќе изгорена, над 130 километри квадратни. Страшно. Катастрофата е од преголеми размери. 
 
Горат дури и куќи, домови, шума, зеленило, има и човечка жртва.
 
Состојбата е алармантна и загрижувачка.
 
Она што СДСМ со денови предупредуваше за жал се случува.
Не терен се забележува крајно лоша координација на надлежните институции. Граѓаните реагираат за ненавремена и спора реакција.
 
Се повторува истото однесување поради кое изгоре цела планина Серта.
 
Особено е лоша координацијата на воздухопловите, се касни за нивно вклучување со часови.
 
Тошковски покажува неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи.
 
Ваков несоодветен однос на Владата на Мицкоски и нивното лежерно постапување е запрепастувачки неодговорно. Тоа мора да прекине.
 
Бараме итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управуваее со кризи. 
 

 

Мицкоски да се нацрта на терен, да направи нов кризен штаб кој и да преземе нешто во соодветно постапување и координацина на институциите под негова надлежност“, стои во соопштението на СДСМ.
30.07.2024 - 17:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега