СДСМ: ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања
ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега наместо програма, само штанцаат нови, немаат што да им понудат на граѓаните, велат од СДСМ.
„Скопјани и граѓаните на 40-тина општини под капата на ДПМНЕ се уверија во лажните ветувања и изневерените очекувања од ДПМНЕ. ДПМНЕ ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи, а не реализираа ништо. Го запустија Скопје, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот. Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови. Така е и овој пат со новите лажни ветувања. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа