СДСМ: Бруталното апсење на новинарот Салиу потврдува дека нема промена, ДПМНЕ е режимска партија
Во ДПМНЕ нема промена, ДПМНЕ е режимска партија, што се потврди со бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу, велат од СДСМ.
„На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ.
На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски.
Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.
За 7 години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.
ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила.
Одговорност за овој недемократски чин мора да има, заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа