Санта мраз со големина на Лондон се отцепи од Антарктикот
Голема санта мраз речиси со големина на Лондон се отцепи од Антарктикот, се наведува на веб-страницата на Британското Антарктичко истражување (БАС).
„Огромна санта мраз (1.550 квадратни километри) речиси со големина на Лондон се откина од ледениот брег Брант со дебелина од 150 метри. Ледениот санта се откина откако пукнатините што се формираа природно во текот на изминатите неколку години се проширија низ ледената покривка, што доведе до отцепување на новата санта мраз“, се наведува на веб-страницата.
Сантата г се откина минатата недела, што е второ големо пробивање на сантата мраз во овој дел од континентот во последните две години.
На глечерот од кој се откина ледениот брег има истражувачка станица, а научниците од таму велат дека нивната област не била погодена.
Според нив, глечерот има сложена структура, а последиците од отцепувањето може да бидат непредвидливи.
Сите промени на глечерот редовно се следат преку посебен автоматизиран систем.
Глациологот од БАС, Доминик Хоџсон, изјави дека настанот не е поврзан со климатските промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа