Санкционирани 34 возила кои вршат јавен превоз на патници


Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање...

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

28.03.2024 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега