Сања Кужет се прости со „Ѕвездите на Гранд“ - познато кој ќе ја замени

Водителката на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет неодамна откри дека е во блажена состојба, поради што замина на породилно.

Таа сега им се обрати на многубројните следбеници преку нејзиниот профил на Инстаграм.

Имено, водителката објави две фотографии кои се направени за време на снимањето на емисијата и во таа прилика истакнала дека до тогаш немала поим дека е во блажена состојба.

– Толку од мене, за оваа сезона, драги луѓе… Сликите се направени на последниот ден од снимањето… Кога немав поим дека нема да ја завршам оваа сезона. Одиме на нови приватни победи! – напиша водителката во објава на Инстаграм.

Инаку официјално новата водителка на „Ѕвездите на гранд“ до крајот на оваа сезона ќе биде Ана Севиќ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

19.02.2024 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега