Сандра Булок призна: Правам пауза во кариерата
Сандра Булок откри дека планира да се одмори од актерството, бидејќи сака да се фокусира на семејниот живот.
„Сакам да бидам дома. Секогаш веднаш преминував на следното нешто што ме чекаше. Работата ја сфаќам многу сериозно, но сега сакам да бидам 24/7 со моите деца и со остатокот од семејството“, изјавила актерката.
Булок глумеше во комедијата „Изгубениот град“, а премиерата беше најавена за 25 март.
Покрај неа, улоги во овој филм имаат и Ченинг Тејтум, Бред Пит, Даниел Редклиф и други.
Таа го заврши и снимањето на „Bullet Train“, во режија на Дејвид Линч.
Во него се појавува и босанскиот актер Мирај Грбиќ. Неговата премиера се очекува на 25 јули.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа