Сана Марин ја напушта функцијата лидер на социјалдемократите во Финска: Се надевам дека ќе водам помирен живот

 

 

По поразот на парламентарните избори во Финска, премиерката во заминување, Сана Марин , објави дека ќе се повлече од функцијата лидер на социјалдемократите.

Триесет и седумгодишната Марин на прес-конференцијата рече дека „дошла до заклучок дека нема да се кандидира за уште еден мандат на конгресот во септември за раководството на СДП“.

Таа додаде дека ќе биде пратеник во новиот парламентарен состав. „Следната недела ќе почнам да работам како пратеник и се надевам дека ќе можам да водам помирен живот“, додаде таа.

Таа нагласи дека нема намера да се кандидира за претседател и дека не добила понуди за меѓународна функција.

Десничарската Национална коалиција победи на парламентарните избори во неделата. Два дена подоцна, во вторникот, Финска стана 31. членка на НАТО.

05.04.2023 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега