САД нудат 5 милиони долари за информации за убиството на еквадорскиот претседателски кандидат
Соединетите Американски Држави нудат пет милиони долари за информации кои би довеле до апсење на одговорните за убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„САД ќе продолжат да го поддржуваат народот на Еквадор и да работат на изведување поединци пред лицето на правдата кои се обидуваат да ги поткопаат демократските процеси“, рече Блинкен.
Вилависенсио, поранешен пратеник и новинар за борба против корупцијата, беше убиен во Кито на 9 август, помалку од две недели пред претседателските избори.
Еквадорската полиција уапси шестмина осомничени, за кои наведе дека се Колумбијци кои припаѓаат на криминални групи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа