САД доделуваат нов пакет воена помош за Украина вреден 500 милиони долари
САД најавија уште еден пакет воена помош за Украина во висина од 500 милиони долари, во кој главно е вклучена оклопна техника. За новиот пакет помош Стејт департментот треба да соопшти утре, објавија дел од американските медиуми.
Во рамките на пакетот Украина ќе добие 30 оклопни возила Bradley и 25 Stryker.
Исто така во новиот пакет помош е вклучена и муниција за ракетниот систем HIMARS, противтенковско оружје, вклучувајќи и Javelin, и муниција за противвоздушните орудија Stinger и Patriot.
Ова е 41-ви пакен воена помош што САД ја доделуваат на Украина од почетокот на руската инвазија. Вкупната висина на воената помош што САД досега ја доделија на Украина ја надмина сумата од 40 милијарди долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа