САД бара од Косово да ја преиспита одлуката за укинување на динарот
Соединетите Американски Држави ја повикуваат владата на Косово да ја преиспита одлуката за укинување на денарот и воведување на еврото како единствена валута.
Тие сметаат дека одлуката не треба да биде избрзана, напротив потребен е дијалог со сите засегнати страни и доволно време за прилагодување кон ваква значајна промена.
Потпаролот на американската амбасада во Косово за Радио Слободна Европа изјави: „Загрижени сме дека уредбата усвоена на 27 декември ќе има негативно влијание врз српската заедница во Косово“.
За потсетување, на 17 јануари Централната Банка на Косово објави дека од 1 февруари единствена валута за готовина и платежни трансакции ќе биде еврото. Посочија дека оваа одлука се темели на Уставот на Косово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа