Руски воени блогери: „Генерал Армагедон“ исчезна по бунтот на Вагнер
Висок руски генерал, за кој Њујорк Тајмс денеска објави дека имал однапред сознанија за бунтот на платениците на Вагнер, не е виден откако се разви вооружениот бунт во саботата, според руските воени блогери.
Сергеј Суровикин е познат по прекарот „Генерал Армагедон“ и е заменик командант на руската армија чии добри односи со водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин биле документирани. На почетокот на оваа година тој бил сменет од позицијата врховен командант, но го задржал влијанието во спроведувањето на воените операции во Украина.
Рускиот телеграмски канал Rybar, каде што пишуваат воени блогери, сугерира дека е под истрага.
„Суровикин не е виден од саботата. Не се знае каде се наоѓа генералот Армагедон. Постои верзија на приказната дека тој е испрашуван“, изјави Рајбар.
„Тој веројатно минува низ тежок период“
Според Њујорк тајмс, американските разузнавачи изјавиле дека Суровикин знаел за плановите на Пригожин.
„Веројатно минува низ тежок период“, вели аналитичарот за одбрана и безбедност на Sky News, професор Мајкл Кларк.
„Ќе биде интересно да се види што ќе се случи со овој човек. Тој не се појави откако даде изјава во саботата во која ги повика луѓето од Вагнер да се вратат во своите единици“, рече Кларк.
Пред да го започне бунтот, Пригожин беснееше против Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, и Валери Герасимов, началникот на Генералштабот, обвинувајќи ги за неуспеси во Украина и недостаток на поддршка на армијата за борците на Вагнер. Герасимов не е виден од саботата, додаде Кларк, ниту заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа