Русин паднал од 19-ти кат и преживеал, кога станал запеал песна

 

 

Маж кој паднал од 19-ти кат на зграда во Воронеж, во југозападна Русија, го преживеал падот.

Паднал на паркиран автомобил, пишува „Известија“.

Мештаните на социјалните мрежи пишуваат дека мажот бил во алкохолизирана состојба и дека паднал од висина од околу 60 метри на теренец „нисан“.

Спасувачите го извлекле мажот од оштетениот автомобил, а потоа лекарите му укажале помош.

По падот тој со помош на случајни минувачи и пожарникари станал и почнал да ја пее песната: „Љубовта е како сон“.

Според очевидци, после тоа тој се оддалечил од местото на несреќата.

Набрзо беше објавено дека неименуваниот маж сам отишол во итната медицинска помош, каде му биле констатирани повреди на главата и ‘рбетот, објавија руските портали.

 
04.04.2023 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега