Русија: Зад терористичкиот напад на Татарски стојат специјалните служби на Украина

 

 

Терористичкиот напад врз познатиот воен известувач Владлен Татарски го планирале украинските специјални служби со учество на агенти од редовите на поддржувачите на антикорупцискиот фонд на Алексеј Навални, тврди Рускиот национален комитет за борба против тероризмот.

Како што се наведува, нападот го планирале „специјалните служби на Украина со учество на агенти од редовите на лица што соработуваат со Фондот за борба против корупцијата на Навални, чиј активен поддржувач е притворената Дарија Трепова, пренесува „РИА новости“.

Познатиот воен репортер Владлен Татарски (вистинско име Максим Фомин) беше убиен во неделата во експлозија во бар во Санкт Петербург, во која беа повредени уште 32 лица.

Осомничената Дарија Трепова денеска е уапсена.

03.04.2023 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега