Русија за планот за победа на Зеленски: Имплицира војна до крај
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата претстави „план за победа“ за кој вели дека може да доведе до крај на војната со Русија веќе следната година.
Во парламентот, Зеленски им рече на украинските пратеници дека неговиот план содржи пет главни точки: покана за членство во НАТО, одбранбен аспект, одвраќање од руска агресија, економски раст и соработка и повоена безбедносна архитектура.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека планот најверојатно „имплицира војна со Русија до крај“.
Песков додаде дека му е тешко да коментира нешто што се уште не слушнал или видел, пишува РИА Новости. Сепак, тој додаде дека вистинскиот мировен план за Киев ќе биде „препознавање на бесмисленоста на нивната политика“.
Третата точка од планот предлага „сеопфатен ненуклеарен стратешки пакет за одвраќање“ на територијата на Украина, а Косачев наведува дека оваа точка е насочена кон продолжување на конфликтот.
„Т.н. победнички план на Зеленски е стратегија за вклучување на Западот во директен конфликт со Русија. Првата точка – поканата на Украина во НАТО токму сега, во екот на конфликтот, како и барањето за укинување на ограничувањата за употреба на оружје со долг дострел – значи токму тоа, имајќи предвид дека моменталната ситуација во Европа е предизвикана од проширување на НАТО, тоа би значело додавање бензин на оган“, напиша Косачев на својот канал Телеграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа