Русија за големиот напад: Ги уништивме „Патриотите“ во Киев
Москва денеска соопшти дека го уништила американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана Патриот во синоќешниот голем напад врз Киев.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските сили извршиле „многу прецизни“ напади врз украинските војници, муниција и магацини.
„Сите цели беа погодени“, соопшти руското министерство.
Украина тврди дека ги соборила сите 18 проектили и беспилотни летала лансирани од руските сили во текот на ноќта, меѓу кои и напредните руски хиперсонични ракети од типот Кинжал.
Претходно, дописникот на „Гардијан“ јави дека Русите се обиделе да ги уништат американските „Патриоти“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа