Русија воведе санкции против 36 британски државјани

 

Министерството за надворешни работи на Русија воведе санкции против 36 британски државјани.

Меѓу нив има новинари, членови на британската влада и припадници на безбедносните служби.

Министерството објави дека овој потег е поврзан со „антируската насока на британската влада, која активно го применува механизмот на лични санкции и води интензивна пропагандна кампања за дискредитација на Русија и нејзина изолација во меѓународната заедница“.

Министерството не ги објави имињата на санкционираните британски државјани.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Москва најави санкции против стотици британски граѓани, пишува Гардијан.

12.01.2023 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега