Русија: Украина започна голема офанзива во Запорожје, се водат жестоки борби
Службени лица назначени од Русија и руски воени блогери тврдат дека украинските сили започнале голема офанзива во регионот Запорожје, јужно од Орихив.
„Фронтот во Запорожје – вториот бран на контраофанзива на вооружените сили на Украина започна“, објави денеска на Телеграм Владимир Рогов, член на воено-цивилната администрација на Запорожје.
„Непријателот ангажираше максимални сили за да ја пробие нашата одбрана во правец на Орихив. Рано утринава, по масовната артилериска подготовка и воздушни напади, Украинците извршија напад на нашите позиции кај Работин“, додаде тој.
Евгениј Балицки, гувернерот на окупираната украинска област Запорожје, исто така објави дека е во тек украински напад, пишува Си-Ен-Ен. Рускиот воен блогер Рибар опиша слична ситуација долж јужниот фронт.
Украина сè уште не ги коментираше овие наводи за офанзивата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа