Русија прогласи персона нон грата вработен во словенечката амбасада во Москва
Како одговор на протерувањето на вработен во руската амбасада во Словенија, Русија прогласи за персона нон грата вработен во словенечката амбасада во Москва, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
МНР оцени дека тоа е „уште еден отворено непријателски чекор“ во контекст на општата политика на Словенија за уривање на врските меѓу двете земји.
Од Министерството посочија дека одговорноста за последиците од ваквата деструктивна политика е целосно на словенечка страна.
Од МНР објаснија дека вработениот во словенечката амбасада бил протерана по принципот на реципроцитет.
12.04.2024 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа