Русија ќе воведе екстра данок за тие што ја напуштиле земјата поради војната во Украина
Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, изјави дека Долниот дом на рускиот Парламент подготвува закон за воведување повисоко оданочување за луѓето кои ја напуштиле земјата по почетокот на војната во Украина.
„Реално е да се откажат преференциите за оние кои ја напуштиле Руската Федерација и да се воведе зголемена даночна стапка за нив“, напиша Володин на Телеграм. „Работиме на соодветните измени во законската регулатива“.
Засега не е објавен точниот број на Русите кои заминале од почетокот на војната.
До почетокот на октомври, некои локални медиуми објавија дека до 700.000 избегале од најавата во септември за мобилизација со цел да се регрутираат 300.000 луѓе кои ќе бидат испратени на бојното поле. Во тоа време, владата ја отфрли таа бројка како неточна.
Тринаесет отсто персонален данок на доход во Русија автоматски се задржува од локалните работодавци. Русите кои работат во странство мора самостојно да го плаќаат данокот, е проценката на Федералната даночна служба на Русија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа