Роналдо удрил аутистично дете по мечот и му го скршил телефонот (ВИДЕО)
Кристијано Роналдо се најде во цента0рот на скандал по вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Евертон, а сето тоа поради она што го направи кога го напушти теренот во соблекувалната.
Едно момче ги снимаше сите играчи на Јунајтед додека одат кон соблекувалната, исто како и многу фанови околу него, а потоа Роналдо го шокираше со потег.
Мајката на момчето веднаш по средбата дала изјава за „Liverpool Echo“, откривајќи дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова му е прв натпревар во животот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него.
“Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напишал Роналдо на Инстаграм.
Cristiano Ronaldo smashed someone's phone after losing to Everton, according to fans at the ground
(via @evertonhub) pic.twitter.com/a20z4Sg20F
— ESPN FC (@ESPNFC) April 9, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа