Роналдо ги прекршил здравствените протоколи

 

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора изјави дека верува оти фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги прекршил здравствените протоколи.

-Да, мислам дека ги прекршил протоколите ако не постоеле некои посебни овластувања од надлежните институции, рече Спадафора за Раи Уно.

Екипата на Јувентус беше во изолација откако двајца членови се заразија со коронавирусот, но на Роналдо и уште четворица играчи им било дозволено да го напуштат тимот и да се приклучат на своите репрезентации.

Откако Роналдо одигра два натпревари за Португалија излезе позитивен на корона. Тој потоа беше одвоен од националниот тим, а вчера се врати во Торино со авион за медицинска евакуација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега