Романсата на Ирина Шајк со Том Брејди му пречи на нејзиниот поранешен Бредли Купер

 

 

Додека НФЛ-играчот Том Брејди ја запознава манекенката на „Викторија сикрет“, Ирина Шајк, таблоидите дознаваат дека нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер се плаши дека ја губи.

На актерот наводно не му е сеедно за шпекулациите дека Ирина, со која има шестгодишна ќерка, почнува врска со Том.

Бредли и Ирина беа заедно четири години – од 2015 до 2019 година – и во 2017 ја добија ќерката Леа.

„Да се каже дека не му пречи ова би било лага. Не се константно заедно, прават паузи, но тој ја сака“, извор изјави за „Дејли мејл“.

„Таа е мајка на неговото девојче и тие се неговите две омилени жени на светот. Тој чувствува дека првпат во Том запознала некој што засекогаш ќе ѝ го одземе срцето од него“.

Бредли (48) излегуваше со други жени по разделбата со Ирина, но тој има измешани чувства за нејзината нова романса.

Ирина и Том беа забележани заедно многупати во последните денови, што доведе до шпекулации дека се во врска.

Поранешната НФЛ ѕвезда минатата година објави дека се разведува од Жизел Бундхен, со која беше во брак од  2009 до 2022 година.

27.07.2023 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега